ФУНКЦИОНЕР од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога

Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра.

ФУНКЦИОНЕР од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога

Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник Мујеци и четворицата други осомничени, од кои уште еден косовски и тројца албански државјани, полицијата пронашла 11.300 таблети екстази ми, чија пазарна вредност се проценува на околу 400.000 евра.

Албанската полиција соопшти дека, во рамки на акција именувана како „Панишер 2“, спомената група била уапсена по неколкумесечна истрага, а апсењето се случило претпладнево во центарот на Тирана.

Според полицијата, осомничените ја користеле туристичката сезона за испраќање на пратките со автобуси на релацијата Приштина-Тирана, по што со изнајмени возила. Дрогата била пренесувана низ Тирана и други, главно приморски, градови низ Албанија.

Партијата на Курти, која во општина Приштина е во опозиција, соопшти дека покренала дисциплинска процедура против Мујеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.