Фуркан Салиу: Од недела па сè до денес, многу поважни информации за Кочани јавноста слушна од Инфомакс отколку од МВР и ОЈО – Сам против сите не е лесно

Од недела па сè до денес, многу поважни информации за Кочани јавноста слушна од #Инфомакс отколку од #МВР и #ОЈО.
Јасно е зошто се под силен напад од власта – многу планови пропаднаа. Во лисици видовме луѓе кои беа сигурни дека ќе се спасат.

Сам против сите не е лесно, ама подобро сам, отколку со сите заедно – по канцеларии и коли со затемнети стакла, далеку од реалноста.

Крајот е многу поважен од почетокот. Еден ден пак ќе треба по улица пешки да одите.

Е, тогаш ќе видите дали сте направиле нешто добро со сета таа моќ и власт.

Дали ќе ви кажат „здраво“ или ќе ве игнорираат?

Дали ќе ве гушнат или ќе ве плукнат?

Фејсбук статус на колегата Фуркан Салиу

Пронајдете не на следниве мрежи: