Фустан на Мерилин Монро на аукција за 100.000 долари

Црн фустан на познатата холивудска актерка Мерилин Монро ставен e на аукција.
Вредноста на волненото парче облека со ролка, е во тоа што таа го носела 1954 година на прес конференција, на којашто го најави разводот од бејзбол играчот Џо Димаџио, помалку од една година по венчавката.
На наддавањето закажано за 30 март, аукциската куќа Крас ГВС очекува фустанот да достигне цена меѓу 100.000 и 150.000 долари.

Мерилин Монро и Димаџио стапија во брак во јануари 1954, а глумицата како причина за разводот, кој беше финализиран наредната годинa, ја наведе „психичкото тормозење“.
Љубавно писмо кое Димаџио ѝ го напиша на Монро по конференцијата, беше продадено на аукција во 2014 година за 78.125 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.