ФФМ: Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!

Во трагичен настан кој се случи вчера животот го загуби работник кој работел пред ФФМ. Трагичниот настан се случил околу 16 часот кога паднал кранот на кој стоел работникот кој бил задолжен за одржување на хигиената на прозорците во просториите на ФФМ.
“Денес, тежок несреќен случај ја потресе целата македонска јавност. Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!. Би сакале да изразиме благодарност до сите служби на итна помош кои во рекордно време пристигнаа на местото на немилиот настан, но за жал сепак предоцна за било каква интервенција.
Благодарност и до вработените во стручната служба на ФФМ кои до доцните часови беа на располагање и даваа поддршка со сите расположливи средства.
Фудбалската Федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочуство до семејството и пријателите на работникот кој го загуби животот. Слава му!“, е наведено во соопштението кое беше објавено на Фејсбук страницата на Фудбалската федерација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.