Хаваи забрануваат пластични чаши, кутии, шишиња, сламки

Хаваите би можеле да бидат првата американска држава, која ќе ја забрани употребата на пластични предмети во рестораните, а тоа ќе се случи доколку се донесе закон со цел да се намали отпадот, кој го загадува океанот.
Десетици градови во САД веќе одлучија да ги забранат пластичните кутии за храна или пијалаци.
Друг, поамбициозен предлог-закон предвидува дури и забрана за рестораните за брза храна и другите угостителски објекти дистрибуирање и користење пластични шишиња за пијалаци, сламки, стапчиња и кеси.


Активистите веруваат дека првата мерка има подобри шанси да биде усвоена.
Од друга страна, угостителите и бизнисмените велат дека новиот закон ќе ги натера да ги зголемат цените, бидејќи сè уште не е достапна добра алтернатива за пластиката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.