Поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија генерал Момчило Перишиќ, кој во септември 2011 година беше осуден на 27 години затвор, во четврток е ослободен во Хашкиот трибунал.Одлуката за ослободување ја соопшти претседателот на судот Теодор Мерон. Перишиќ ќе биде ослободен од притворот на Трибуналот веднаш штом тоа ќе биде практично можно.Портпаролот на Хашкиот трибунал Магдалена Спалинска истакна дека првостепено Перишиќ е осуден на 27 години и дека тој се жалел на пресудата.Жалбениот совет на Трибуналот, усвојувајќи ја жалбата на обвинетиот, утврдило дека помошта што Војската на Југославија, на чело со Перишиќ, ја пружила на Војската на Република Српска не била дадена со „конкретно упатство“ да биде употребена за вршење на воени злосторства во Сараево и Сребреница, туку за „општ воен напор“ на ВРС.„Политиката на Врховниот совет на одбраната на СРЈ, која ја спроведувал Перишиќ, била обемната воена помош на ВРС да се даде за „општиот воен напор“, а не за вршење конкретни злодела во Сараево и Сребреница, утврди жалбениот совет“, соопшти судијата Мерон.Тој додаде дека ВРС не била подредена на Војската на Југославија, нагласувајќи и дека ВРС не била во целост злосторничка војска, иако нејзината стратегија вклучувала извршување злосторства.Мерон нагласи дека помошта на една армија на друга во воените напори е недоволна за кривичната одговорност на поединецот кој таа помош ја дава, без докази дека таа помош била директно насочена на вршење злосторства.Според денешната пресуда, првостепениот совет погрешил кога тој стандард не го применил при проценката дали Перишиќ ги помагал и поддржувал злосторствата на ВРС:Судењето започна во октомври 2008 година, а завршни зборови беа изнесени кон крајот на март 2011 година
МакфаксПоранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија генерал Момчило Перишиќ, кој во септември 2011