четврток, 26 ноември 2026
Најново

Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите во предметот против поранешните лидери на ОВК

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе отвои постапка за надомест на штета на оштетените во предметот против поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои беа осудени на повеќегодишни затворски казни за воени злосторства.

Судскиот совет II одлучи да спроведе постапка за репарации, наместо жртвите да ги упати на парнична постапка во Косово, под услов одбраната да не поднесе приговор, се наведува во соопштението на Специјализираните совети.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Советот му наложи на застапникот на жртвите да го поднесе барањето за репарации до 14 октомври, додека обвинителството и одбраната треба да ги достават своите одговори до 4 ноември. Во образложението се наведува дека застапникот на жртвите посочил оти оштетените, доколку бидат упатени пред граѓанските судови во Косово, би можеле да се соочат со правни и практични тешкотии. „Земајќи ги предвид овие околности и контекстот на заплашување на сведоците во кој се одвиваа овие постапки, Советот не смета дека граѓанските судови во Косово обезбедуваат ефикасен и реален пат за жртвите во овој случај да побараат правен лек за кривичните дела за кои обвинетите се прогласени за виновни“, се наведува во одлуката. Дополнително, Советот заклучил дека во Косово и натаму постои клима на страв и заплашување на сведоците и нивните семејства, како и на лицата кои давале информации за злосторствата извршени од припадници на ОВК. Хашим Тачи и Јакуп Красниќи првостепено беа осудени на единствени затворски казни од по 25 години, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор за воени злосторства извршени на територијата на Косово и Албанија. Пред Специјализираните совети против Тачи се води и одвоена постапка за попречување на правдата и обид за влијание врз сведоци, во која е обвинет заедно со уште четворица поранешни припадници на ОВК. Обвинителството во таа постапка побара Тачи да биде осуден на шест години затвор.

Поврзани вести