Хакери добиле пристап до адресите на електронската пошта на околу 632.000 федерални службеници во американските министерства за одбрана и правда, јави синоќа агенцијата Блумберг повикувајќи се на Управата за кадри на САД.
- Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
- Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
- Најмалку 15 шумски пожари горат во Португалија, владата бара помош од Европа
- Силикони, задникот во танга пред експлозија! Напумпана од глава до пети предизвика лавина коментари
- (Видео) Жена бара помош на покривот од поплавена зграда
- (Видео) ГРАДОТ ИСЧЕЗНА ПОД ВОДАТА, ПОПЛАВЕНА И БОЛНИЦАТА! Вака изгледа апокалипсата во Полска
- Родители од Скопје пријавиле насилство врз две малолетни момчиња
- Овие познати жени воделе борба да станат мајки, една од нив е милијардерка: „За жал, не можат да имаат деца“
- Силен земјотрес ја потресе Романија
Според достапните информации, кибер нападот се случил на 28 и 29 мај, а за него е осомничена хакерската група Clop наводно поврзана со Русија. Според извештајот, со упадот злосторниците можеле да добијат пристап до податоците со употреба на програмата за трансфер на фајлови MOVEit.
Федерални службеници за кибер криминал претходно потврдија дека владини агенции биле компромитирани од нападот, но не споделија доволно за големината на нападот, ниту пак ги именуваа агенциите кои биле нападнати.
Блумберг доби пристап до овие информации по барање согласно Законот за слобода на информациите.
Агенцијата дознава дека оваа хакерска група досега нападнала околу 2.500 приватни компании и државни организации во САД
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.