Хакирани каналите за информирање на Алијанса за Албанците


Како што информираат вечерва од Алијанса за Албанците, за понатамошно известување ќе користат нови мејлови за информативни прашања, прашања од новинари или барања за коментари и за прашања поврзани со агендата на претседателот на партијата

Каналите за информирање на Алијанса за Албанците се хакирани од, како што велат од партијата, злонамерни поединци.

Како што информираат вечерва од Алијанса за Албанците, за понатамошно известување ќе користат нови мејлови за информативни прашања, прашања од новинари или барања за коментари и за прашања поврзани со агендата на претседателот на партијата. 

„Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени“,

се вели во соопштението од Алијансата за Албанците.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: