Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд имаше одличен почеток на сезоната, па заслужено ја доби наградата за фудбалер за месец август во Премиерлигата.
Халанд постигна дури седум голови на првите три натпревари, а ова е трет пат да ја добие наградата за играч на месецот во Премиерлигата.
Напаѓачот на Манчестер сити постигна по три гола против Ипсвич и Вест хем, додека еден погодок запиша против Челси.