Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили (ИДФ), Херзи Халеви, по објавата дека во Бејрут е убиен лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насрала, изјави дека Израел ќе посегне по секого кој и се заканува на таа земја и нејзините граѓани.

„Пораката е едноставна и е упатена до секој што им се заканува на граѓаните на Израел: ќе знаеме како да дојдеме до вас“, рече Халеви, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ претходно денеска објави дека лидерот на Хезболах Хасан Насрала бил убиен во напад врз командниот центар на движењето во јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме, израелската војска објави дека во текот на ноќта воздушните напади врз Бејрут уништиле десетици противбродски проектили кои Хезболах ги сокрил под зградите во либанската престолнина.

– ИДФ е свесен за фактот дека Хезболах поседува кинески ракети Ц-704 и Ц802, како и ирански ракети Гадер, кои имаат дострел од околу 200 километри, соопшти израелската армија.

Ракетите беа складирани, одржувани и управувани од мала елитна единица на Хезболах, која ИДФ ја опиша како многу искусна.

Според извештаите, во ноќните напади биле уништени шест магацини каде биле складирани и одржувани проектили, што претставувало стратешка закана за бродовите на израелската морнарица, како и за цивилниот поморски сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи: