Хали Бери и Оливер Мартинез одлучиле да се венчаат, пред да се роди нивното прво заедничко дете.
„Оливер во минатото не патеше од формалности. Сепак, веста дека ќе стане татко некако го промени. Од друга страна пак, Хали по втор пат станува мајка и сега е апсолутно сигурна каков маж сака покрај себе.Овој пат е сигурна во својот избор“,вели извор близок на парот.
Четириесет и шест годишната Хали и година дена постариот Оливер во врска се од 2010 година. Планираат да се венчаат во една капела во уметнички кварт во Париз.
„Оливер веќе некое време сака да се пресели од Лос Анџелес. Единствена причина поради која остана во Америка е Хали. Сега кога е бремена, не сака повеќе да чека. Сака детето да му израсне до роднините и пријателите во Франција.“Хали Бери и Оливер Мартинез одлучиле да се венчаат, пред да се роди нивното прво заедничко дете.