Хали Бери (54) нѐ остава без здив со нејзината линија, може само да ѝ завидуваат многу дваесетгодишни девојки!

Холивудската актерка објави фотографија од тренингот на која гордо ја покажува својата фигура. За само 16 часа, таа собра над 145.000 лајкови, а многумина не можат да не се воодушеват што изгледа толку добро на нејзините години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)


Убавата Хали Бери (54) уште еднаш докажа дека возраста не е пречка да ги остави луѓето без здив со нејзината беспрекорна фигура. Со последната фотографија од тренингот таа го „запали“ Инстаграм.
Кој сака да се бори? – напиша таа во фраерски сленг, а потоа додаде дека дизајнирала програма со која вежбите се одвиваат на ново ниво. За само 16 часа, фотографијата собра над 145.000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)


Следбениците со ентузијазам ја поздравија нејзината иницијатива, нарекувајќи ја кралица, но повеќето од нив безрезервно признаа дека не би се осмелиле да влезат во рингот со ’опасната’ Хали. Многумина, исто така, со неверување ја коментираа нејзината возраст и си ветија дека ќе остават крофни и друга храна што дебелее.

Да потсетиме, оваа добитничка на Оскар и мајка на три деца отсекогаш се фалеше со извајана фигура, но она што Бери го постигна во подготовките за улогата на ММА борец во филмот Модринки, кој излезе во 2020 година, беше навистина неверојатно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.