Хамас го објави условот за ослободување на заложниците, објави и снимка од млада Израелка

Хамас го објави првото видео од заложниците што ги зеде. На снимката се гледа млада жена за која Хамас тврди дека е заложничка во Газа, јавуваат израелските медиуми.

Лицето е идентификувано како 21-годишна девојка која беше киднапирана од музичкиот фестивал Супернова на 7 октомври.
„Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.

Хамас ги објави и условите за ослободување на повеќе од стотина заложници што ги зедоа. Бара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори. Калед Мешал, шеф на канцеларијата за дијаспора на Хамас, го поднесе ова барање.
Меѓу заробениците на групата, рече тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.