Раководството на радикалното палестинско движење Хамас го провоцира Израел да започне копнена операција во Појасот Газа, што може да резултира со неуспех за Израелците.
Ова мислење го искажа поранешниот шеф на британската надворешна разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер во интервју за Би-Би-Си.
- Очигледно е дека Хамас сега всушност му поставува стапица на Израел. Движењето ќе биде задоволно ако Израел изврши целосна копнена инвазија на Појасот Газа, бидејќи тоа ќе доведе до целосно интензивирање на конфликтот, смрт на невини луѓе, радикализација и ќе ги стави сојузниците и партнерите на Израел во регионот во неподнослива позиција . Тоа го сака Хамас – рече тој.
- Тоа е прашање на реакција. Израел треба да го нападне Појасот Газа за да ја покаже својата намера да ги исполни очекувањата за силен одговор на упадот. Но, во основа нема воено решение за овој проблем. Не можете да ги убиете сите терористи и да избегнете да се појават повеќе терористи. Воените операции од ваков карактер многу ретко успеваат во отсуство на некаква политичка стратегија – рече Јангер.
- Вана откри како настанала песната „Tek je 12 sati“: Од самиот почеток знаевме дека песната е посебна
- Се појавија детали од тајната средба меѓу Макрон и Зеленски: Ќе има ли директна конфронтација меѓу Западот и Москва?
- Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
- Во Катар претставен конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа
- Како да се ослободите од љубопитните погледи на Инстаграм: Скријте го статусот и активностите
Ситуацијата на Блискиот Исток одеднаш се влоши по вооружената инфилтрација на милитантите на Хамас од Појасот Газа на израелска територија.
Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата „Железен меч“ против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската армија ја презеде контролата врз сите населени места во близина на границата со Газа и почна да изведува воздушни напади врз цели во Појасот Газа.
Израел најави и целосна блокада на Појасот Газа: прекинато е снабдувањето со вода, храна, струја, лекови и гориво.
Пронајдете не на следниве мрежи: