Хамбургер 1300 денари, сендвич 800: Изгор цени на позната плажа во нашиот регион

Со доаѓањето на летото доаѓаат и оние „чудни“ цени кои угостителите секое лето знаат да ги стават.
Денес сите знаеме дека и во Дубровник може да се испие кафе по нормална цена, под услов да се тргнете од Страдун, се уште постојат и такви кои, после години и години иста приказна, суштински ќе ги потресат цените на одредени добра и услуги.
Токму таков е случајот во Туристичката населба Затон кај Задар, пишува 24 сата. За автомобил кој влегол во 13.20, а излегол во 19.49 наплатиле 250 куни (33 евра).
Високи се и цените на храната. Во Хвар парче пица чини 30 куни (4 евра), а за еден од најскапите хамбургери треба да извдоите 165 куни (22 евра или околу 1300 денари). На хварската плажа Боњ, порција компирчиња се продава за 6 евра, а сендвич чини 13 евра. Точено пиво, пак чини околу 4 евра.
На Хвар и за обично еспресо во кафуле се плаќа 2,5 евра, за шише вода околу 3 евра, а за топче сладолед 2 евра.


Сезоната почна, но проблемите останаа и во македонскиот бисер Охрид. Иако секоја година се зборува и пишува за тоа дека таксистите и угостителите речиси двојно ги зголемуваат цените за храна и пијалоци во своите локали за време на сезоната, и оваа година работите остануваат исти.
Па така во еден од познатите угостителски објекти во центарот на Охрид, чаша цеден потрокал достигнува цена од 160 денари, па граѓаните се револтирани и велат дека истото тоа вон сезоната го добиваат за дупло помала цена.
Минатата година исто на социјалните мрежи се ширеше фотографија на која се гледа дека чаша мохито во Охрид чинеше 390 денари.
Во продолжение ви ги даваме цените на овошјето и зеленчукот на грчките пазари какви што се во моментов:
Зеленчук:
Домати: 1,50 -2,00 Евра за килограм
Пиперки: 2,00 Евра за килограм
Краставици: 1,20 – 1,50 Евра за килограм
Кромид: 0,50 – 1,00 Евра за килограм
Компири: 0,50 – 1,30 Евра за килограм
Овошје:
Лубеница: 1,20 -1,50 Евра за килограм
Цреши: 3,00 -3,50 Евра за килограм
Круши: 2,00 -2,50 Евра за килограм
Јаболка: 1,00 -2,50 Евра за килограм
Банана: 1,00 -1,50 Евра за килограм
Грозје: 3,00 – 4,00 Евра за килограм

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.