Еден од најдобрите ракометари во светот, 35-годишниот Микел Хансен реши да се повлече од ракометот на одредено време по разговори со неколку доктори.
Хансен во договор со семејството, докторите и ракометниот клуб реши да ја прекине ракометната кариера поради стрес, а засега не е познато кога ќе се врати повторно на теренот.
„Тоа беше напорна година за Микел, со првото згрутчување на крвта кое му се случи во 2022 година, преселбата со семејството во Данска, како и притисокот од ракометот предизвикаа да земе пауза“, вели директорот на Алборг, Јан Ларсен.
Данскиот ракометар во кариерата играше за ГОГ, Барселона, ПСЖ, додека за националниот тим настапи на 252 меча и постигна 1.302 гола.