Хан го виде Штип, досега најголемата придобивка од референумот

Хан го виде Штип, досега најголемата придобивка од евроинтеграциите и референдумот. Па се разбира да не влеговме во ваков стрес како сега со референдумот кога ќе дојдеше Хан, па дури и до Штип да се залета. Нели е така? Колку имиња на градови знаете во Австрија? А во колку сте биле? Се разбира после Виена се е табула раса, односно празен лист хартија. Така и за Хан кога е во прашање Македонија. Тој од таму храбро порача:  „Свесни сте дека мора да се направи компромис, и се надевам ќе излезете и ќе гласате“, и додаде: „Се разбира дека демократско право е на секој граѓанин дали ќе учествува без разлика дали се избори ли референдум. Јас повторно ќе кажам да го преминеме мостот, па потоа да видиме што ќе се случи. Јас сум убеден дека исходот од референдумот ќе биде позитивен. Мора да го почитуваме сувереното право на граѓаните на глас и таа одлука мора да се испочитува од сите“, рече Хан додавајќи дека во ЕУ секој град, село и регион се значајни за нивниот развој и токму поради тоа во Штип сакал тоа да го потенцира.
И така. Дојде Хан и си отиде. Ќе си отиде и функцијата еврокомесар. Ќе го заборавиме. Ама променетото име според договорот ВЕЧНО ЌЕ НИ ОСТАНЕ. Да, да драги мои. Не знам дали сте виделе, дали ви кажале и дали ве интересира, но според договорот промената на ИМЕТО Е ВЕЧНА И НЕПРОМЕНЛИВА.
А Хан, бујрум пак нека дојде ако е доборнамерен и кога нема да е еврокомесар. Ние пак ќе бидеме тука. Пак ќе ги имаме истите маки…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.