Хан на Твитер ги издаде Тодоров и Богојески дека гласале “За” промена на името

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, преку еден од своите твитови откри нови детали за македонската јавност.
“Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕПП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓаните“, напиша Хан на Твитер.
Со ова тој директно потврдува дека Никола Тодоров, кој велеше дека ќе го поништел гласачкото ливче, всушност гласал “За” на референдумот за промена на името.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.