Утрово на заедничката прес-конференција во Клубот на пратеници во Скопје еврокомесарот Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев ја повикаа Европската Унија да си го оддржи зборот и да ѝ даде датум за преговори на Македонија во октомври. Хан рече дека земјава е блиску за голем чекор во октомври и додаде дека жали за тоа што се случи во јуни, иако земјата испорача сè што се бараше од неа. Но, исто така тој додаде дека е неопходно Владата да се фокусира на продолжување на реформите.
Хан апелира до сите партии да дозволат владеењето на правото да преовлада, зашто тоа не е важно само за евроинтеграциите, туку е и за доброто на граѓаните. Тој порача дека корупцијата и оранизираниот криминал се главните точки на кои треба да се фокусира владата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.