Хан соопшти дека нема датум за преговори

Македонија не добива датум за отпочнување на преговори со Европската Унија оваа година, иако тоа беше најавувано од страна на премиерот Зоран Заев. Тој пред четири дена кажа очекува Македонија да добие датум за преговори оваа недела.
-Се надевам дека ниедна од земјите на ЕУ нема да остане рамнодушна на пријателството и европските манири кои ги покажа Македонија, а кои се толку потребни на цел Балкан и Европа. Холандскиот парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека Франција и другите држави, ако имаат резерви, ќе ги надминат, зашто реформите во ЕУ можат да се прават паралелно додека Македонија преговара за членство, изјави Заев при почетокот на изградбата на патот Ранковце-Крива Паланка.


И покрај ова очекување на премиерот, Македонија денеска не доби датум за отпочнување преговори со Европската Унија. Комесарот за проширување, Јоханес Хан, кажа дека државата ќе мора да почека уште најмалку една година за можеби да започнеме преговори следниот јуни.
– Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека ќе ги започнеме преговорите во јуни идната година и како Комисија веднаш можеме да почнеме да ги подготвуваме преговорите почнувајќи утре, ова е сега јасна перспектива и јасна награда, вели Хан.
Тој и на Твитер потврди дека датум за преговори Македонија можеби ќе добие догодина заедно со Албанија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.