Хан утре непланирано доаѓа во Белград

Утре во кратка и ненадејна посета на Белград доаѓа европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. Според неофицијалните информации тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а разговорите што ќе ги води треба да траат два часа.
Се претпоставува дека темите на разговор ќе бидат евроинтеграцијата и проблемите во односите Белград-Приштина по 100-процентното зголемување на таксите на српски производи, кои неодамна ги воведе Приштина. По состанокот Вучиќ ќе се обрати на јавноста и ќе зборува за провокации кои доаѓаат од регионот.
Како што најави Европската комисија, Хан од Белград утре ќе замине и за Приштина, каде ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, со претседателот на Парламентот, Кадри Весели, како и со претставници на опозицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.