Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.
– Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна, напиша Хан.
Сепак, Европската комисија сѐ уште јавно не се произнела за овој случај. Земјите членки на ЕУ исто така не искоментирале за случајот. Со реакции излегоа само политичките партии на Зелените и на Социјалдемократите од Европскиот Парламент.