Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
Бидејќи оваа вест Владата ја соопшти доцна попладнево, граѓаните на Куманово се во паника.
Тие масовно излегоа низ улиците, во продавниците, за да си ги обезбедат потребните намирници за викендов.
Пред продавниците чекаат во редици голем број на луѓе, а секако, така е поголема и опасноста за ширење на вирусот.