Сагата околу Мохамед Салах во Ливерпул продолжи и денес. Имено, како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, повикувајќи се на RMC Sport, Египќанецот беше изоставен од тимот пред натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.
Според истиот извор, одлуката ја донеле раководството на клубот, како и тренерот Арне Слот.
Потсетуваме дека Салах ги започна претходните три натпревари во домашното првенство од клупата, а викендот воопшто не влезе во игра во ремито против Лидс.
Тој неодамна изјави дека нема никаква врска со тренерот Слот, и јавно го откри своето незадоволство.
„Мислам дека е многу јасно дека некој сака јас да ја преземам целата вина. Неколку пати кажав дека имам добар однос со менаџерот, а сега одеднаш немаме никаков однос. Не знам зошто“, рече Салах, додавајќи:
„Се чувствувам како клубот да ме фрлил под автобус. Така се чувствувам. Овој клуб, секогаш ќе го поддржувам, а исто така и моите деца. Го сакам и го поддржувам многу. Да бидам искрен, ситуацијата не ми е прифатлива. Не ја разбирам. Како да ме туркаат под притисок сè повеќе и повеќе, и не мислам дека јас сум проблемот. Направив толку многу за овој клуб. Не морам да се борам за мојата позиција секој ден затоа што ја заслужувам. Го заработив моето место во тимот.“
The post Хаос во Ливерпул: Салах е изоставен од составот, нема да патува на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер appeared first on Во Центар.



