Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање во корист на Русија се уапсени во Велика Британија, а властите во Лондон покренаа обвинение против нив во рамки на големата истрага за националната безбедност.
Ова го дознава Би-би-си, кој наведува дека бугарските државјани биле уапсени во февруари и оттогаш се во притвор.
Се вели дека станува збор за Орлин Русев (45) кој живеел во Норфолк, Бизер Замбазов (41) кој живеел во северозападен Лондон и Катрин Иванова (31) која живеела на иста адреса со Замбазов.
Тие се осомничени дека работеле за руските безбедносни служби, а кај нив биле пронајдени голем број лажни документи, меѓу кои пасоши и лични карти од Обединетото Кралство, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.
Се наведува дека бугарските државјани биле уапсени од детективи од единицата за борба против тероризмот на лондонската полиција.