Протестите во Минск и другите делови на Белорусија се одржуваат веќе трет ден по ред, а демонстрантите излегоа на улиците и изразија незадоволство затоа што претседателот Александар Лукашенко беше избран на функцијата по шести пат.
Според Спутник, судирите меѓу полицијата и демонстрантите биле жестоки, а според медиумите, агенциите за спроведување на законот користеле топови со вода, шок-бомби и гумени куршуми за да ги растераат собраните граѓани. Демонстрантите се одмаздија со пукање на пиротехника кон припадниците на полицијата.
Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од 2.000 лица биле уапсени во последните 24 часа.