Неколку стотици граѓани кои протестираат против премиерот на државата Косово, Албин Курти и Охридскиот договор, денеска се собраа на главниот плоштад во Приштина „Захир Пајазит“.
Барајќи оставка од Курти, според РТС, тие ги симнале знамињата на државата Косово од јарболот на влезот во зградата на привремените институции, а на нивно место закачиле бели знамиња, покажувајќи дека, според нив, Курти се предаде при постигнување договор во Охрид.
Потоа активирале неколку димни бомби, кои за кратко време со густ црн чад го прекриле делот и влезот на зградата на Владата.
Полицијата го обезбедуваше влезот на владината зграда. За време на протестот немаше други инциденти.
Иако се против Охридскиот договор, и покрај поканата за приклучување, опозициските партии и нивните активисти не присуствуваа на протестот.
На чело на овој протест се функционерите на Социјалдемократската партија, која смета дека Курти нема легитимитет и дека поради оваа причина треба да поднесе оставка.
Натира Кучи од СДП рече дека овој протест се организира бидејќи сметаат дека Курти со договорот во Охрид го прифатил создавањето на ЗСО и го сменил пристапот што го имал 15 години во опозицијата.