Харадинај: Умре идејата за корекција на границите

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, смета дека идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија е погрешна и дека тој е категорично против тоа.
“Мислам дека факторите за очекување сфатија дека нема место за таква опција. Тачи рече дека ако има алтернатива, тој сака да ја сослуша. Мислам дека постои алтернатива, а тоа е двете држави да живеат во мир, а не да се преговара за Косово бидејќи тоа не е мир, тоа е нестабилност“, изјави Харадинај, прецизирајќи дека за него алтернатива е живот во мир со Србите.
“Можеби тоа нема да ги задоволи апетитите на Белград, но морам да застанам некаде, а мислам дека алтернатива е почитување на сегашните граници, територии и обострано признавање“, истакна Харадинај.
Тој смета дека умрела идејата за корекцијата на границите.
“Никој не е подготвен да влезе во такви експерименти. Не верувам дека некој би прифатил да игра такви игри на глобално ниво“, нагласи Харадинај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.