Мелина и Харис Џиновиќ се обидоа на сите начини да го спасат бракот, но не успеаја. Последниот обид во серијата беше договор за заминување на Малдиви, кој исто така не беше реализиран, а по што дефинитивно решија да се разделат. Харис се откажал и дизајнерката, наместо со Харис, на патување заминала со нивната ќерка со која уживала речиси две недели.
– Се обидоа да ги решат несогласувањата и проблемите во бракот, но не успеаја. Секој обид беше всушност неуспешен. Не успеа и последниот во низата. Договорено е заедно да отпатуваат на Малдиви, каде што обично одат паровите бидејќи околината е таква што тие се фокусирани еден на друг. Но, Харис се откажа од тој пат. Тогаш дефинитивно се знаеше дека нема да се помират. Мелина отишла на пат со наследничката и убаво се одмориле, уживале во егзотичната дестинација. Нивното последно заедничко патување, каде што сè беше во ред, беше Црна Гора. Тоа беше пред неколку години, оттогаш никаде не отишле заедно на одмор. Секој тргна по својот пат – вели извор близок до семејството Џиновиќ.
Да потсетиме, Џиновиќи по 22 години љубов решија да му стават точка на бракот, а пред само една година Мелина даде интервју во кое отворено проговори за љубовта со Харис, за децата, за навиките…
– Ние сите сме прилагодени еден на друг. И тоа е најдобро за мојот карактер. Феноменално е што сите се сложуваме и баш ни е убаво. На почетокот јас бев малку збунета, но и не беше нелогично, брзо дојде бременоста и реков „ајде нема врска“. И ќе правиме сè како сега, и животот продолжува – рече таа и додаде:
– Кога ќе одлучите дека сте во брак, вие сте во брак. Живеевме заедно од првиот ден, јас го користев тоа презиме од првиот ден и ми беше толку природно. Моето презиме е Галиќ. Го почувствував тоа презиме како свое. И повторно, на крајот, тоа потпишување, освен таа забава, не значеше никаква промена во нашите животи – низ насмевка истакна дизајнерката во емисијата „Гоца шоу“. Двајцата се венчаа по 12 години заеднички живот, а својата вечна љубов ја ветија во 2014 година на луксузна јахта, закотвена во близина на Дубровник.
Пронајдете не на следниве мрежи: