Харис Џиновиќ проговори за гласините дека има нова девојка која е 15 години помлада од него

Харис Џиновиќ реагираше на пишувањата на српските медиуми дека има нова девојка која е 15 години помлада од него.Изворот тврди дека два месеци по разводот со Мелина, стапил во врска со жена која ја познава долго време.„На прв поглед многу личи на Мелина, бидејќи е привлечна, згодна и негувана, а бидејќи е успешна во работата што ја работи и имаат заеднички пријатели, блискоста дојде спонтано. Не само што тој не крие дека започнал романса, но последниве денови се видени во престижни ресторани во главниот град“, рече меѓу другото.Тој изјави и дека во никој случај не сака неговите деца да бидат информирани за тоа, со оглед на тоа што тукушто започнал врска.„Пред само неколку дена ни кажа дека не е за фрлање и дека се уште е фатален за убавиците. Ова е јасен знак дека и тој успеал да го преболи и дека му доаѓаат подобри денови. ,” рекол.Меѓутоа, Џиновиќ потоа за Blic.rs негирал дека има нова девојка.„Би рекол дека имам некого. Не знам што се пишува за мојот приватен живот. Од каде тоа дека личи на Мелина? Не е вистина“, изјави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: