Јапонскиот парламент во петокот го одобри предлогот на владата за гувернер на централната банка да биде назначен Харухико Курода, за кој се очекува дека ќе го засили монетарното поттикнување за раст на третата по големина светска економија.
Горниот дом на јапонскиот парламент денеска го одобри владиниот предлог, а вчера истото го стори и долниот дом, пренесува BBC.Курода истакна дека ќе стори се што е потребно за да ја крене инфлацијата на два отсто.Јапонија веќе 20 години повремено се бори со пад на потрошувачките цени, кои по толкувањето на аналитичарите и штети на економијата, бидејќи ги одвраќа компаниите и потрошувачите од инвестирање и купување, а го отежнува и отплаќањето на долговите.Курода често ја критикуваше политиката на централната банка и е поборник на планот на новиот премиер Шинзо Абе за ублажување на монетарната политика и зголемување на државната потрошувачка.
Макфакс
Јапонскиот парламент во петокот го одобри предлогот на владата за гувернер на централната банк