Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

 Хашкиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства во Косово и Албанија, 1998-1999 година, треба да започне на 1 март следната година, јави Бета.

Ова го соопштија од Советот за расправа на американскиот судија Чарлс Смит во Хаг од документ објавен на веб-страницата на судот за злосторства извршени од борците на ОВК.

Судскиот совет закажа две прелиминарни рочишта за 17 јануари и почетокот на февруари 2023 година.

Доколку процедуралните подготовки завршат навреме, советот на судијата Смит „има намера“ да го закаже почетокот на судењето за 1 март, кога обвинителите би го дале воведниот збор.

Во текот на судењето, обвинителите планираат да го вклучат исказот на 319 сведоци.

Во комисијата што ќе им суди на Тачи и тројцата обвинети офицери на ОВК ќе бидат и судиите Гунаел Метра од Швајцарија, Кристоф Барте од Германија и резервниот судија Фергал Гејнор од Република Ирска.

Заедно со Тачи, за злосторства над Албанците, Србите и Ромите беа обвинети и членовите на Главниот штаб на ОВК Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. 


Пронајдете не на следниве мрежи: