ХДЗ победи во Хрватска на изборите. Рекорно ниска излезност

ХДЗ освои 68 пратенички места, а коалицијата „Рестарт“ предводена од СДП, освои 43. Домовински покрет на Мирослав Шкоро е со 15, а Мост со 8 пратеници. Четири мандати освои зелено-левата коалиција предводена од платформата „Можеме!“, Коалицијата „Стрип“ предводена од Паметната партија има 2 пратеници, а реформистите и ХНС добија 1 мандат.
За формирање влада, потребни се 76 пратенички места од вкупно 151.
Од опозицискиот кампус веднаш изразија негодување за водството на Бернардиќ, како челник на опозицијата. По што лидерот на опозицијата најави оставка.
Пронајдете не на следниве мрежи:



