Хелбах: Мицкоски го поддржува договорот од Преспа? Бегството на Груевски е олеснување за него

Доаѓаат сериозни сигнали од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ дека сака да го поддржи договорот од Преспа, изјави Кристијан Хелбах, претставник на германското Министерството за надворешни работи на денеска одржаната трибина. Дебатата во Бундестагот била организирана од ДЈЕ (Друштвото за Југоисточна Европа), и на неа освен Хеллбах присуствувале и Матијас Лутенберг, авторот на патоказот за реформите во Македонија, Рајнхард Прибе, пратеници од Бундестагот, дипломати, како и гости од Македонија и Грција, Симонида Кацарска и Ксенија Куналаки од весникот Катимерини. При тоа Хелбах оценил доколку не помине договорот од Преспа, тоа би било лоша вест за земјата, и дека кај дел од населението во Македонија, лојалноста кон државата зависи од напредокот на земјата на евроатлантскиот пат.
– Хелбах се плаши дека националистичките или етничките ставови и групации повторно ќе нараснат. Доколку Македонија не успее да напредува тоа ќе има последици за стабилноста – предупреди германскиот дипломат.
Во врска со бегството на Никола Груевски и добивањето азил во Унгарија, Хелбах оцени дека случајот може да му ја олесни позицијата на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.