Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез денеска изјави дека во областа Рогатица и на планината Маглиќ, во Република Српска, има воени кампови за обука на паравоени формации. Хелез за Радио Слободна Европа изјави дека поседува и фотографии, пренесе Бета.
- ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи од еден човек – Доналд Трамп“, воздухопловните сили подготвени за напад врз Иран
- Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуален напад
- Сека Алексиќ: Сакам да родам уште едно дете, мојата најголема неостварена желба е да донирам јајце-клетки
- Зеленски се надева на големи превирања во Америка: Поразот на Трамп би можел да ја промени судбината на Украина
- Руски воен сателит опасно се приближил до западен сателит што обезбедува снимки за Украина
-Не е тајна, луѓето ги гледаат селата околу Рогатица, луѓето фотографираат среде бел ден дека таму има вежба. Имам фотографии, ќе ги покажам на телевизија, рече тој.
Хелез синоќа на телевизија Н1 ги презентираше првите информации за наводно постоење кампови за обука на паравоени формации во РС, наведувајќи дека станува збор „за некои млади и некои луѓе од Русија“, не сакајќи да каже од кого ја добил информацијата .
На тврдењата на Хелез реагираше министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ кој остро ја осуди и отфрли изјавата на министерот за одбрана на БиХ за постоење на руски воени кампови во РС, кои работат под закрила на МВР на РС.
Пронајдете не на следниве мрежи:



