Хеликоптери го надлетуваат Центар- улиците се уште блокирани, еве каде се упатува Папата

Два хеликоптери во моментов го надлетуваат централното градско подрачје особено кај Католичката црква во центарот на Скопје.
По литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје, папата Франциск одржа екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.
Во моментов Папата се упатува кон Меѓународниот аеродром Скопје каде автопатот ќе биде затворен до 18:30 часот.
Останатите улици во Скопје ќе бидат затворени се до 19 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.