Хеликоптер во акција за гаснење на пожарот над магистралата кон Блаце

Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе интервенира во гаснењето на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, на потегот пред тунелот, на десната страна од коловозот.

Пожарот зафатил непристапен терен, поради што по добиената пријава на бројот за итни повици 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побара воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица е веќе активна на терен, а акцијата за гаснење се координира со припадници на противпожарните единици и други надлежни институции.

Пронајдете не на следниве мрежи: