Ваква лудорија немало досега, ама стана хит во светскиот фудбал и циркуов доаѓа од Непал. Играа Авниер Камерун и Валинг јунјатед во Купот на Непал, кога среде полуфинална битка среде терен слета хеликоптер.
Првично сите мислеле дека станува збор за некој итен случај и вонредна ситуација, ама излегло сосема нешто неочекувано. Четоврица пијани патници сакале да се забавуваат, па наместо на предвиденото место за слетување покрај теренот го натерале пилотот да го прекине мечот и да слета на него.
Лудоријата да е поголема, четворицата другари го изнајмиле хеликоптерот за од птичја перспектива да го гледаат мечот.