Хелмут Кол за Меркел – таа не знае да користи нож и вилушка

Ангела Меркел не бидуваше за ништо. Воопшто абер немаше за политиката. Покрај тоа, таа не можеше ниту како што треба да користи нож и вилушка. На официјални вечери таа е луташе и се глупираше, и морав да направам интервенирам многу пати. Жестоката критика на Меркел, сега позната како “железната дама”, не доаѓа од друг, туку од нејзиниот добродетел Хелмут Кол.
Ова се забелешки кои се објавени во  “Протоколите на договорот – тајната на Хелмут Кол“. Новинарот Хериберт Шван, и ко-авторот на Тилман Јенс, нудат восхитувачко читање, кое во никој случај нема да му се допадне на Хелмут Кол. Шван имал повеќе од 600 часа разговор со поранешниот канцелар во периодот од 12 март 2001 до 27 октомври 2002 година, кои ги снимил на диктафон. Од Кол му било побарано да учествува во пишувањето на неговата биографска книга. Пред да излезе од печат книгата Кол и новинарот се скарале. Зошто, историјата молчи.
Германската јавност е поутена во пресметката на Кол со Меркел која во два наврати беше негов министер. Прво за млади до 1994 па потоа и за животна средина до 1998 година.
Кол ги изгуби изборите во 1998 година, следната година  излефоа и црните тефтери за финансирање на неговата партија. Меркел веќе е генерален секретар во тоа време. На 22 декември 1999 година, Frankfurter Algemaine Zeitung ја објави нејзината жестока статија. “Нашата партија мора да научи да оди напред и да ја прифати борбата со својот политички противник (социјалдемократите) и без својот стар борец, како што често сака сам да се нарече Хелмут Кол.”
По објавувањето на овој текст, Конгресот на партијата на Кол ќе му ја одземе титулата почесен претседател на партијата. Ова секако покажува дека Меркел била подготвена да го елиминира големиот Кол за да си го расчисти патот. Пат по кој досега сеуште оди а како што е најавено пред финишот ќе дојде и во Македонија. 
Не е лошо нашата јавност/јадност да знае повеќе за неа. Ние како по обичај не знаеме ништо ни за нашите пријатели ни за нашите непријатели. А каде би ја сместиле Меркел вие?
И за крај една молба до другите портали. Дечки не ми ги земајте текстовите без да ме цитирате или барем прашате. Знам дека е бажибозук ама имајте малку усул.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.