ХЕРОИТЕ ТРГНАА КОН НОВА ПОБЕДА: Фудбалерите во посилен состав отпатуваа во Порто

Најдобрите македонски фудбалери попладнево отпатуваа за Порто каде во вторник против Португалија ќе бркаат историски успех и пласман на СП во Катар.
Расположени и со видно изразена самодоверба црвено-жолтите заминаа за Португалија.

За разлика од мечот со Азурите, нашата селекција сега ќе биде посилна за Елмас и Костадинов кои дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата, а воедно и опциите на Милевски за мечот во Порто, на кој домаќинот повторно ќе ја има улогата на фаворит, но, оваа шанса нашите репрезентативци не сакаат да ја пропуштат
„Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудлив за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар. Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас кој го пропушти дуелот со Италија, но против Португалците се очекува да биде лидер на тимот.
Црвено-жолтите утревечер ќе го одработат и единствениот тренинг на стадионот „Драгао“ каде во вторик од 20:45 часот ќе ги играат финалниот меч против Португалците.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.