Херојска приказна за сурогат мајчинството

50-годишната Диди Пери од Далас започнала со сурогат мајчинството пред осум години, 16 години откако го родила последното од своите три деца.
Таа била сурогат мајка на парови кои имале проблеми со постигнување и одржување на бременоста, а на свет донела пет деца, од кое последното го родила кратко пред својот 50-ти роденден.
Пери вели дека средбата на родителите со своето дете не може да се опише со зборови.
-Тешко е да се опишат тие емотивни моменти. Тешко ми е да опишам како се чувствував додека ги гледав како за прв пат го земаат своето дете во раце, го гледаат и плачат од среќа. Беше неверојатно, раскажала Диди.

Таа вели дека главната мотивација ѝ била да им помогне на паровите кои силно посакувале да имаат дете, но признава и дека уживала во бременоста. Кога го чувствувала мрдањето на живо суштество во себе, таа се чувствувала здраво и на шега изјавила дека е зависна од бременост.
Диди никогаш немала проблем да се одвои од тие деца откако ги раѓала бидејќи била свесна од самиот почеток дека тоа не се нејзини деца.
Иако многу жени се согласуваат да бидат сурогат мајки поради пари, Диди тврди на парите гледала како дополнителен бонус. Многу парови бараат млади жени кои би го носеле нивното дете, но имало и такви на кои не им сметале годините на Диди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.