Херој на денот Пеце Јанкуловски: Работник од РЕК Битола вратил од одмор за да ги спаси селото и црквата од пожар!

Од херои кои не ги знаеме денеска го издвојуваме Пеце Јанкуловски, за кој Ина Многуфина сподели кратка објава на Фејсбук:

– Пеце Јанкуловски, навидум обичен човек, вработен во РЕК Битола како машинист си отишол на одмор. Кога станало опасно со пожарите, кога селото Паралово и црквата Св.Ѓорѓи во која е гробот на војводата Ѓорѓи Сугарев биле под сериозна закана од огнот, Пеце станал, се вратил од одмор, отишол до работа, го земал булдожерот што обично го управува низ рудниците и почнал да прави заштитни појаси околу селото. Правел, вртел, возел тоа булдожерот од 100 тони, му бегал на огнот, бил побрз и Пеце ги спасил и селото и црквата. Пеце Јанкуловски, навидум обичен човек ама кога има опасност Пеце станува супермен! Пеце, фала што постоиш, браво за храброста, човечноста и патриотизмот! – напиша Ина на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.