вторник, 24 ноември 2026
Најново

ХЕРОЈ ОД БРЗА ПОМОШ: Пешачел 5 км низ снег за да му помогне на пациент!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дрвјата коишто паѓаат на патот пореди тежината на снегот можат да бидат вистинска опасност за секој возач. Не само што моментот кога паѓа дрвото може да биде фатален, туку соборените дрвја едноставно го оневозможуваат поминувањето на возилата.
Возач на Здравствениот дом во Власотинце, во Србија, Срѓан Радичевиќ тргнал вчераутро во 6 часот наутро за да транспортира пациент од Липовица за хемодијализа во Лесковац.
Сепак, тој бил оневозможен. Во меѓувреме паднало уште едно дрво поради обилните врнежи оставајќи го возачот заробен. На половина пат за назад, тој морал да излезе од возилото и да пешачи.
Така заглавен, без сигнал од мобилната мрежа, тој пешачел околу 5 км додека не добил сигнал и ги повикал своите колеги за помош.
Додека чекал пациентот тие морале да го остранат и дрвото кое го попречувало патот.
– Јас и мојот колега Иван Давиниќ отидовме да ја земеме пилата на Срѓан во неговата куќа и отидовме да ми помогнемме. Кога го сретнавме, започнавме да отстрануваме дрвја од патот и така стигнавме до пациентот – вели шефот на возниот парк на Здравствениот дом во Власотинце, Зоран Кочиќ.
Возачите не чекале помош да дојде од страна, сфатиле дека во таква тешка и итна ситуација, само тие можат да си помогнат со свои раце.
Пациентот од Липовица без дополнителни проблеми бил пренесен во болницата во Лесковац.

Поврзани вести