Освен возрасните и децата треба да прифатат навики важни за адаптирање на ситуацијата со коронавирусот. Без или со коронавирусот, хигиената е клучен фактор во здравјето на децата бидејќи тие секојдневно допираат најразлични предмети без да бидат свесни за потенцијалните ризици.
Со новата ситуација сега треба да бидеме повнимателни и да ги заштитиме децата учејќи ги на хигиенски правила кои треба да ги негуваат целиот живот. Не само во време на пандемија.
1. Редовно миење раце
Редовното миење раце останува златно правило за ефективно одржување на здравјето и личната хигиена. Научете ги децата правилно и темелно да ги мијат рацете, всадете им навика да ги мијат пред и по јадење, по користење на тоалетот, по враќање од игралиште и слично.
2. Научете ги да не го допираат лицето
Иако и поголемите деца имаат навика да го допираат лицето, многу е важно да им објасните дека тоа може да има негативни последици по здравјето. Објаснете им дека во текот на денот доаѓаат во допир со бактерии и штетни микроби кои не можат да ги видат, но се штетни по здравјето.
3. Носење на заштитна маска
Иако оваа идеја на децата може да им биде застрашувачка, научете ги да ја всадат таа навика бидејќи тоа е за нивно добро. Одберете удобна маска која ќе ги прекрива носот и устата, а истовремено нема да ги гуши. Дозволете им на дечињата сами да го изберат дизајнот бидејќи на тој начин носењето ќе им биде поприфатливо и поинтересно.