Хил: Ќе се разгледа предлогот на Вучиќ за средба Путин-Трамп во Србија

Американскиот амбасадор во Србија – Кристофер Хил изјави дека Вашингтон секако ќе ја разгледа идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат во Србија.

„Видов дека претседателот го кажа своето мислење. Очигледно, идејата ќе биде разгледана во Вашингтон“, рече Хил на приемот што го приреди министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ.

На прашањето каков е неговиот личен став за предлогот на Вучиќ, Хил рече дека не е подготвен да коментира.

„Сè што можам да кажам е дека луѓето во Вашингтон, сигурен сум, ќе ја разгледаат идејата“, рече амбасадорот, кој следната недела го завршува мандатот во Белград и се враќа во САД.