Оризовата вода која останала по готвењето го сочинува новиот тренд за нега на косата кои блогерките и голем број жени на Инстаграм тврдат дека ја прави нивната коса многу поубава и поздрава. По летото, со изложувањето на косата на сонце и море, поголемиот дел од жените се соочуваат со оштетена коса, а овој домашно подготвен третман наводно ја обновува косата, ја прави посјајна и поеластична и го поттикнува нејзиниот раст.
Интересно е што овој тренд дури сега доаѓа до нас, бидејќи жените од југоисточна Азија го користат со векови. Од друга страна пак, овој третман се спомнува дури и во записи од пред нашата ера, кога Јапонките го користеле за нега на своите долги коси.
Во азиската култура се верува дека оризовата вода е одлична за косата затоа што содржи аминокиселини кои ја јакнат и хранат косата, како и иноситол – јаглехидрат што ја подобрува структурата на оштетената коса, притоа останувајќи во неа и делувајќи како штит против нови оштетувања.
Она што е сигурно е дека покрај тоа што жените се колнат во неговата моќ, во оризовата вода без сомнение остануваат многу витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданси што се наоѓаат во самите зрна ориз па затоа и веднаш се забележува ефектот. Особено многу ја сакаат жените со кадрава коса бидејќи таа е посклона на сушење.
Оризовата вода за нега на косата се применува наместо регенератор, а за најдобар ефект треба да се држи околу 20 минути на косата пред да се измие.