Хит преставата “Украдена личност“ со Лане Гутовиќ на 1 декември во Скопје – ШОИЌ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ВО МАКЕДОНИЈА

По големата европска турнеја и турнејата во САД хит преставата која експресно ги распродава билетите Украдена личност, конечно во Скопје! Претставата “Украдена личност” е приказ на моралната слика на практичната, модерната и прилагодлива личност, за која условите за постигнување на личните цели, се невообичаено лесни. Истите услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи, бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската унија како кандидат за Претседател. Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување, бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува “соработка”. Диктирајќи ја неговата понуда за претседател, тој, со сета нејзина извитопереност, открива дел од личноста што го прават интересен на сцена. Сè што зборува е со леснотија, со измама, вешто ја искривува реалноста и се прилагодува на моментот, а сето ова го прави виртуозно со невиност, што од време на време станува слично на невиноста на едно кротко животно.
Мисламе дека овој став е премногу сериозен за веселата и лесна претстава што ве очекува. Истата можеби ќе биде завеса која може да ги покрие некои од сличностите на овој лик со актуелните луѓе кои сомнително го красат нашето време и тежок политички момент. Во претставата игра Милан Гутовиќ а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ “Бараба”. Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус. Билетите за преставата се веќе пуштени во продажба преку продажната цена на mktickets.mk по ексклузивна цена од 500,00 денари. Организатор на претставата е Бекстејџ Медиа

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.