Иако документите за развод на бракот ги предале во септември 2016-та година, според пишувањето на The Sun, Анџелина Џоли сака повторно да го освои срцето на својот сопруг.
Порталот наведува дека тоа е една од причините што убавата актерка толку го одолговлекува дефинитивниот развод на бракот. Анџелина, имено, на Бред јасно му дала до знаење дека сака да се смири со него.
Џоли би сакала повторно да станат семејство, но Бред за тоа не сака ни да слушне и единствено му се важни неговите шест деца.
“Бред само сака се да се реши. Сето тоа можеше да биде готово и пред една година, но Анџелина го одолговлекуваше процесот”, рекол изворот.
Минатата година Анџелина признала дека нејзиниот однос со Бред станал лош и тврдела дека се прилагодува на животот на слободна жена.
Актерката, потсетуваме, поднела барање за развод пред две години. Неколку седмици откако признале дека се разделуваат, Бред бил под истрага на ФБИ поради обвинение дека физички го злоставувал својот син Медокс. Подоцна тие обвиненија биле отфрлени.
Анџелина Џоли и Бред Пит имаат три биолошки деца – Шајло, Нокс и Вивијан, и три посвоени деца – Медокс, Пакс и Захара.