Холивудскиот заводник Ричард Гир денеска слави 71-ви роденден

Славниот холивудски актер Ричард Гир денеска го прославува својот 71-ви роденден. Важи за еден од најголемите холивудски заводници, а по мислењето на многу жени дури и сега кога влезе во осмата деценија изгледа фантастично и плени со својот неодолив шарм.

Актерот ги руши сите табуа, минатата година тој стана татко по втор пат. Ричард и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра Силва добија син.

Ричард Гир е најпознат по улогата во популарниот филм „Убава жена“ каде партнерка му беше Џулија Робертс.

Долго време имаше статус на американски секс симбол, а често беше на листата на јапосакувани мажи во светот.

Покрај успешната актерска кариера, секогаш наоѓал време да се занимава и со хуманитарна работа. Покрај тоа во 1999 година избран е за најсексипилен маж во светот што само допринесе на неговата популарност кај женскиот дел од публиката.

Популарниот актер е роден на 29 август 1949 година во Филаделфија. Кариерата ја започнал така што играл во театар, а со холивудските филмови почнал да се појавува во седумдесетите години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.